лае
Значење на лае:
1. За куче ‒ испушта звук што се претставува како ав‒ав. Тишината ја прекинаа кучињата што лаеја.
2. (пејор.) Вика, се кара. Тие две цело утро лаат една на друга.
3. (пејор.) Озборува, шири невистини. Сосетката повторно лаеше за тебе.
Коњугација: лаат , лаев , лаеја , лаејќи , лаел , лаен , лај , лајаа , лајав , лајал , лајан, лајте .
Изведени зборови:
- лаење, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Кучето што лае не каса ‒ тој што е силен на зборови, обично останува само на тоа, а не дејствува. Кучињата лаат, карванот врви ‒ и покрај приговорите и забелешките, продолжува да си работи по свое.
Оригинални податоци:
лае, лаат; лај, лајте; лаев, лаеја; лаел; лаен; лаејќи; лајав, лајаа; лајал, лајан несв. 1. За куче ‒ испушта звук што се претставува како ав‒ав. Тишината ја прекинаа кучињата што лаеја. 2. (пејор.) Вика, се кара. Тие две цело утро лаат една на друга. 3. (пејор.) Озборува, шири невистини. Сосетката повторно лаеше за тебе. ◊ Кучето што лае не каса ‒ тој што е силен на зборови, обично останува само на тоа, а не дејствува. Кучињата лаат, карванот врви ‒ и покрај приговорите и забелешките, продолжува да си работи по свое. ‖ глаг. им. лаење ср.