лак 1
Значење на лак:
1. (мат.) Дел од кружна или од друга крива линија меѓу две точки. На небото се појави шарениот лак на виножитото. Лакот на арката е премногу ниско поставен.
2. (арх.) Свод.
3. а) Едноставно ловечко и воено оружје од кое се исфрлаат стрели. б) Спортски реквизит за гаѓање со стрела. Тој победи во натпреварот во стрелање со лак и стрела.
4. (муз.) Знак за поврзување тонови.
Множина: лака, лакови.
Оригинални податоци:
лак1, мн. лакови, избр. мн. лака м. 1. (мат.) Дел од кружна или од друга крива линија меѓу две точки. На небото се појави шарениот лак на виножитото. Лакот на арката е премногу ниско поставен. 2. (арх.) Свод. 3. а) Едноставно ловечко и воено оружје од кое се исфрлаат стрели. б) Спортски реквизит за гаѓање со стрела. Тој победи во натпреварот во стрелање со лак и стрела. 4. (муз.) Знак за поврзување тонови.