лактација
Биологија.
Само во еднина.
Значење на лактација:
Создавање и излачување на млекото од млечните жлезди кај цицачите во периодот на доење.Изведени зборови:
- лактациски, прид. лактацискиот Лактациската млечност кај кравите изнесува триста и пет дена.
Оригинални податоци:
лактација (само едн.) ж. (биол.) Создавање и излачување на млекото од млечните жлезди кај цицачите во периодот на доење. ‖ лактациски, лактацискиот прид. Лактациската млечност кај кравите изнесува триста и пет дена.