лансира
Значење на лансира:
1. Исфрли, исфрла нешто, пушти, пушта нешто да се движи. Ја лансираа ракетата. Бродот ги лансира торпедата.
2. (прен.) Изнесе, изнесува нешто пред јавноста. На вчерашната ревија беше лансирана новата колекција на познатиот креатор. Оваа вест ја лансира жолтиот печат.
Коњугација: лансираат , лансирајќи.
Изведени зборови:
- лансирање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
лансира, лансираат; лансирајќи св. и несв. 1. Исфрли, исфрла нешто, пушти, пушта нешто да се движи. Ја лансираа ракетата. Бродот ги лансира торпедата. 2. (прен.) Изнесе, изнесува нешто пред јавноста. На вчерашната ревија беше лансирана новата колекција на познатиот креатор. Оваа вест ја лансира жолтиот печат. ‖ глаг. им. лансирање ср.