лапа
Разговорен збор, израз.
Значење на лапа:
1. Лакомо јаде. Лапаше како да не јадел една недела.
2. (прен.) Добива нешто на едноставен начин, без многу напор. Си лапа тој по триста евра месечно за ништо.
Коњугација: лапаат.
Изведени зборови:
- лапање, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Лапа муви ‒ не работи ништо, безделничи. Треба уште муви да лапа ‒ има уште многу да помине и да научи.
Оригинални податоци:
лапа, лапаат несв. (разг.) 1. Лакомо јаде. Лапаше како да не јадел една недела. 2. (прен.) Добива нешто на едноставен начин, без многу напор. Си лапа тој по триста евра месечно за ништо. ◊ Лапа муви ‒ не работи ништо, безделничи. Треба уште муви да лапа ‒ има уште многу да помине и да научи. ‖ глаг. им. лапање ср.