лапне
Значење на лапне:
1. Земе, стави нешто во уста. Го лапна набрзина парчето леб и истрча на улица кај другарите.
2. Касне, изеде малку храна. Лапна два залака и излезе.
3. (прен., разг.) Грабне нешто, стекне нешто без напор. Му ги лапнаа парите. Лапна два стана.
Коњугација: (ќе) лапнеа , (ќе) лапнев , (ќе) лапнел, лапнаа , лапнав , лапнал , лапнат , лапнат , лапнете , лапни .
Изведени зборови:
- лапнува, глаг. несв. лапнуваат
- лапнување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ја лапна јадицата ‒ се фати во замка.
Оригинални податоци:
лапне, лапнат; лапни, лапнете; лапнав, лапнаа; лапнал; лапнат; (ќе) лапнев, (ќе) лапнеа; (ќе) лапнел св. 1. Земе, стави нешто во уста. Го лапна набрзина парчето леб и истрча на улица кај другарите. 2. Касне, изеде малку храна. Лапна два залака и излезе. 3. (прен., разг.) Грабне нешто, стекне нешто без напор. Му ги лапнаа парите. Лапна два стана. ◊ Ја лапна јадицата ‒ се фати во замка. ‖ лапнува, лапнуваат несв. ‖ глаг. им. лапнување ср.