ластовица

Именка, женски род

Зоологија.

Значење на ластовица:

Преселна птица со чаталеста опашка и зашилени крилја, црна со бел преден дел; Hirundinidae. Ластовиците направија гнездо под нашата стреа.

Множина: ластовици.

Изведени зборови:

  • ластовечки, прид. ластовечкиот и ластовички, ластовичкиот Ластовички цвркот.
  • ластовиче, и. ж. мн. ластовичиња ср., ластовичка, мн. ластовички хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ластовечки јазик ‒ таен јазик; игра: пред секој слог се додава „ци“.

Оригинални податоци:

ластовица, мн. ластовици ж. (зоол.) Преселна птица со чаталеста опашка и зашилени крилја, црна со бел преден дел; Hirundinidae. Ластовиците направија гнездо под нашата стреа. ◊ Прва ластовица ‒ прв во некоја област, прв од својот вид. Една ластовица не прави пролет (посл.). ‖ ластовиче, мн. ластовичиња ср., ластовичка, мн. ластовички ж. хип. ‖ ластовечки, ластовечкиот и ластовички, ластовичкиот прид. Ластовички цвркот. ◊ Ластовечки јазик ‒ таен јазик; игра: пред секој слог се додава „ци“.