латвица

Именка, женски род

Значење на латвица:

Земјен сад, грне со рачка од горе или ќуп со широко грло. Ја стави пред него латвицата со гравот.

Множина: латвици.

Изведени зборови:

  • латвиче, и. ж. мн. латвичиња ср., латвичка. мн. латвички дем. и хип.

Оригинални податоци:

латвица, мн. латвици ж. Земјен сад, грне со рачка од горе или ќуп со широко грло. Ја стави пред него латвицата со гравот. ‖ латвиче, мн. латвичиња ср., латвичка. мн. латвички ж. дем. и хип.