лаже

Глагол, несвршен

Значење на лаже:

1. Кажува лаги, невистини, измислици. Лажеше за да го заштити другарот.

2. Мами, прави измами. Ме лажат очиве или ова навистина се случува? Не играј карти со него зашто секогаш лаже.

3. (разг.) Занимава, забавува некого. Лажи ги некако да им мине времето.

Коњугација: лагаа , лагав , лагал , лаган, лажат , лажеа , лажев , лажејќи , лажел , лажен , лажете , лажи .

Изведени зборови:

  • лажење, глаг. им. ср.
  • се ~ лаже, 1. а) Сам се убедува во некоја лага. Себеси се лажеш, штом уште веруваш во тоа. б) мн. Заемно си кажуваат лаги, измислици. Од утро до вечер се лажат и пак се заедно. 2. Се мами, греши, не добива точна претстава за нешто. Се лажеш во врска со тоа. Ако не се лажам, веќе сме се сретнале. 3. Се занимава, се забавува. Детето се лажеше со играчката и не заплака воопшто.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ако баба лаже, трап не лаже ‒ ако не му се верува на зборот, има цврст доказ.

Оригинални податоци:

лаже, лажат; лажи, лажете; лажев, лажеа; лажел; лажен; лажејќи; лагав, лагаа; лагал; лаган несв. 1. Кажува лаги, невистини, измислици. Лажеше за да го заштити другарот. 2. Мами, прави измами. Ме лажат очиве или ова навистина се случува? Не играј карти со него зашто секогаш лаже. 3. (разг.) Занимава, забавува некого. Лажи ги некако да им мине времето. ● се ~ 1. а) Сам се убедува во некоја лага. Себеси се лажеш, штом уште веруваш во тоа. б) мн. Заемно си кажуваат лаги, измислици. Од утро до вечер се лажат и пак се заедно. 2. Се мами, греши, не добива точна претстава за нешто. Се лажеш во врска со тоа. Ако не се лажам, веќе сме се сретнале. 3. Се занимава, се забавува. Детето се лажеше со играчката и не заплака воопшто. ◊ Ако баба лаже, трап не лаже ‒ ако не му се верува на зборот, има цврст доказ. ‖ глаг. им. лажење ср.