лажица
Значење на лажица:
1. Предмет од прибор за јадење што служи за црпење или сркање течна или кашеста храна. Дрвена лажица.
2. (разг.) Мерка за изразување приближно количество. Кафето го пијам со две кафени лажици шеќер. Во тестото додадете и две лажици лимонов сок.
3. Пластичен или метален предмет издолжен и малку вдлабнат што служи како помагало за обување чевли.
Множина: лажици.
Изведени зборови:
- лажиче, и. ж. мн. лажичиња ср., лажичка, мн. лажички дем. и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Со златна лажица да сркаш ‒ благослов.
Оригинални податоци:
лажица, мн. лажици ж. 1. Предмет од прибор за јадење што служи за црпење или сркање течна или кашеста храна. Дрвена лажица. 2. (разг.) Мерка за изразување приближно количество. Кафето го пијам со две кафени лажици шеќер. Во тестото додадете и две лажици лимонов сок. 3. Пластичен или метален предмет издолжен и малку вдлабнат што служи како помагало за обување чевли. ◊ Со златна лажица да сркаш ‒ благослов. ‖ лажиче, мн. лажичиња ср., лажичка, мн. лажички ж. дем. и хип.