леа
Значење на леа:
1. Мала, изделена површина добро обработена земја во градина (цветна или зеленчукова) во која се сее или се сади. Леа со лалиња 2. Ред, трап на обработена земја во кој се сади семе или расад. Зад куќата најде само една леа со зелки. Леи со тутунов расад.
Множина: леи.
Изведени зборови:
- леичка, и. ж. дем.
Оригинални податоци:
леа, мн. леи ж. 1. Мала, изделена површина добро обработена земја во градина (цветна или зеленчукова) во која се сее или се сади. Леа со лалиња 2. Ред, трап на обработена земја во кој се сади семе или расад. Зад куќата најде само една леа со зелки. Леи со тутунов расад. ‖ леичка, мн. леички ж. дем.