леб

Именка, машки род

Значење на леб:

1. Основен прехранбен производ што се меси од брашно (пченично, пченкарно, 'ржено итн.) и потоа се пече. Бел леб. Црн леб. Парче леб. Домашен леб.

2. Плод, јатка. Пченката сè уште нема леб. Лешниците немаат леб.

3. Храна воопшто. Десет дена не стави леб во устата.

Множина: леба, лебови.

Изведени зборови:

  • лебец, и. ср. (само едн.) м., лепче, хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Лежи лебу да те јадам ‒ за некој што е мрзлив. Нема леб тука ‒ за нешто што не е перспективно, не отвора можност за егзистенција. Си го вади лебот ‒ сам заработува. Му даде парче леб во раката ‒ го научи како да заработи, му најде работа. Му го зеде лебот ‒ му ја зеде работата, го остави без работа. Работи за парче леб ‒ за малку пари, за најосновните трошоци. Има уште многу фурни леб да јаде ‒ уште е млад и неискусен. Преку леб бара погача ‒ претерува со барањата, не е задоволен со тоа што му се нуди. Нема леб да јаде ‒ многу е сиромав.

Оригинални податоци:

леб, мн. лебови, избр. мн. леба м. 1. Основен прехранбен производ што се меси од брашно (пченично, пченкарно, 'ржено итн.) и потоа се пече. Бел леб. Црн леб. Парче леб. Домашен леб. 2. Плод, јатка. Пченката сè уште нема леб. Лешниците немаат леб. 3. Храна воопшто. Десет дена не стави леб во устата. ◊ Лежи лебу да те јадам ‒ за некој што е мрзлив. Нема леб тука ‒ за нешто што не е перспективно, не отвора можност за егзистенција. Си го вади лебот ‒ сам заработува. Му даде парче леб во раката ‒ го научи како да заработи, му најде работа. Му го зеде лебот ‒ му ја зеде работата, го остави без работа. Работи за парче леб ‒ за малку пари, за најосновните трошоци. Има уште многу фурни леб да јаде ‒ уште е млад и неискусен. Преку леб бара погача ‒ претерува со барањата, не е задоволен со тоа што му се нуди. Нема леб да јаде ‒ многу е сиромав. ‖ лебец (само едн.) м., лепче, мн. лепчиња ср. хип.