лебди
Значење на лебди:
1. Плови на површината на некоја течност или во воздухот зашто е полесен, не потонува, ниту паѓа. Чамчето лебдеше на брановите. Птицата лебдеше на ветрот.
2. (прен.) За нематеријални нешта ‒ изгледа како да плови или да лета. Сенките лебдеа над прозорецот.
3. (прен.) Се чувствува лесен, како да лета, понесен од силни чувства. Лебди од среќа. Лебди од возбуда.
Коњугација: лебдат.
Изведени зборови:
- лебдење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
лебди, лебдат несв. 1. Плови на површината на некоја течност или во воздухот зашто е полесен, не потонува, ниту паѓа. Чамчето лебдеше на брановите. Птицата лебдеше на ветрот. 2. (прен.) За нематеријални нешта ‒ изгледа како да плови или да лета. Сенките лебдеа над прозорецот. 3. (прен.) Се чувствува лесен, како да лета, понесен од силни чувства. Лебди од среќа. Лебди од возбуда. ‖ глаг. им. лебдење ср.