лее

Глагол, несвршен

Значење на лее:

1. Црпи, зафаќа вода од извор, од чешма и сл. Секое утро леат вода од чешмата.

2. а) Силно тече, истекува или се излачува. Лее крв. Лее солзи. Лее пот. б) (прен., нар. поез.) За бисер ‒ истура бисер. Кога збори, бисер лее.

3. а) Тура, сипе течност. Лееше вино во чашите. б) Сипе во калап, дава форма на нешто растопено. Овде лееле куршуми.

Коњугација: леав , леаја , леал , леан, леат , леев , лееја , леејќи , леел , леен , леј , лејте .

Изведени зборови:

  • леење, глаг. им. ср.
  • се ~ лее, Се излачува, тече. Се лее пот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Лее како од ведро ‒ многу силно врне.

Оригинални податоци:

лее, леат; леј, лејте; леев, лееја; леел; леен; леејќи; леав, леаја; леал; леан несв. 1. Црпи, зафаќа вода од извор, од чешма и сл. Секое утро леат вода од чешмата. 2. а) Силно тече, истекува или се излачува. Лее крв. Лее солзи. Лее пот. б) (прен., нар. поез.) За бисер ‒ истура бисер. Кога збори, бисер лее. 3. а) Тура, сипе течност. Лееше вино во чашите. б) Сипе во калап, дава форма на нешто растопено. Овде лееле куршуми. ● се ~ Се излачува, тече. Се лее пот. ◊ Лее како од ведро ‒ многу силно врне. ‖ глаг. им. леење ср.