легенда
Значење на легенда:
1. Предание за животот на некој човек или за необичен настан.
2. Објаснување на знаците за употреба на географска карта, на цртеж, план, шема и сл. Не умее да ја протолкува легендата.
3. (прен.) Измислен настан или приказна за настан што се случил, но изменета и збогатена од фантазијата. Од сосема неважно нешто направи вистинска легенда.
Множина: легенди.
Фразеолошки израз / поговорка:
Жива легенда ‒ за човек што доживува голема слава, што станува симбол за нешто уште додека е жив.
Оригинални податоци:
легенда, мн. легенди ж. 1. Предание за животот на некој човек или за необичен настан. 2. Објаснување на знаците за употреба на географска карта, на цртеж, план, шема и сл. Не умее да ја протолкува легендата. 3. (прен.) Измислен настан или приказна за настан што се случил, но изменета и збогатена од фантазијата. Од сосема неважно нешто направи вистинска легенда. ◊ Жива легенда ‒ за човек што доживува голема слава, што станува симбол за нешто уште додека е жив.