легне
Значење на легне:
1. Се испружи на земја, на кревет и сл. Легна под сенката за да се одмори. Легна на грб за да ги исправи коските.
2. Појде на спиење. Вчера доцна легнав.
3. Стави некого да спие. Мајката ги легна децата во кревет.
4. (прен.) Се разболи. Поминаа две години откако легна во постела.
5. Се наведне, се доближи до земјата. Житото легнало од дождот.
6. Се смири, стивне. Попрскај со вода за да легне правта. Со текот на времето ќе легне работата.
7. (разг.) Почне да прави нешто со голем интензитет, во голема мера. Легна да јаде. Легна да работи.
Коњугација: (ќе) легнеа , (ќе) легнев , (ќе) легнел, лагнете , легнаа , легнав , легнал , легнат , легнат , легни .
Изведени зборови:
- легнува, глаг. несв. легнуваат
- легнување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Легна на брашното ‒ 1. Се смири, созреа. 2. Се помири со судбината. Како си послал, така ќе си легнеш ‒ според тоа како си постапувал, ќе ги трпиш последиците.
Оригинални податоци:
легне, легнат; легни, лагнете; легнав, легнаа; легнал; легнат; (ќе) легнев, (ќе) легнеа; (ќе) легнел св. 1. Се испружи на земја, на кревет и сл. Легна под сенката за да се одмори. Легна на грб за да ги исправи коските. 2. Појде на спиење. Вчера доцна легнав. 3. Стави некого да спие. Мајката ги легна децата во кревет. 4. (прен.) Се разболи. Поминаа две години откако легна во постела. 5. Се наведне, се доближи до земјата. Житото легнало од дождот. 6. Се смири, стивне. Попрскај со вода за да легне правта. Со текот на времето ќе легне работата. 7. (разг.) Почне да прави нешто со голем интензитет, во голема мера. Легна да јаде. Легна да работи. ◊ Легна на брашното ‒ 1. Се смири, созреа. 2. Се помири со судбината. Како си послал, така ќе си легнеш ‒ според тоа како си постапувал, ќе ги трпиш последиците. ‖ легнува, легнуваат несв. ‖ глаг. им. легнување ср.