лек 1

Именка, машки род

Значење на лек:

1. Материја во форма на таблета, сируп, инјекција, маст и сл. што се користи за спречување и за совладување на определена болест. Лекарот му пропиша нови лекови. Лек за скршено срце. Лек против кашлање.

2. (прен., само едн.) Тоа што помага во незгода, во непријатна тешка ситуација; спас, излез, решение. Отиде да го бара лекот од својот адвокат.

Множина: лека, лекови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ако има век, ќе има и лек ‒ ако му е пишано да живее долго ќе се најде лек за болеста. Нема ни за лек ‒ нема воопшто. Му нема лек ‒ нема спас, излез, нема решение за проблемот. Тоа бил лекот ‒ го најде решението, спасот.

Оригинални податоци:

лек1, мн. лекови, избр. мн. лека м. 1. Материја во форма на таблета, сируп, инјекција, маст и сл. што се користи за спречување и за совладување на определена болест. Лекарот му пропиша нови лекови. Лек за скршено срце. Лек против кашлање. 2. (прен., само едн.) Тоа што помага во незгода, во непријатна тешка ситуација; спас, излез, решение. Отиде да го бара лекот од својот адвокат. ◊ Ако има век, ќе има и лек ‒ ако му е пишано да живее долго ќе се најде лек за болеста. Нема ни за лек ‒ нема воопшто. Му нема лек ‒ нема спас, излез, нема решение за проблемот. Тоа бил лекот ‒ го најде решението, спасот.