лекција
Значење на лекција:
1. а) Усно излагање на наставник; предавање. Држи лекции по биологија. б) Целина од материјалот што се предава на еден училиштен час; наставна единица. Денешната лекција по историја беше интересна. Треба да повториш уште две лекции.
2. (прен.) Поука. Тоа беше важна лекција за нас.
Множина: лекции.
Фразеолошки израз / поговорка:
Му одржа лекција ‒ го искара. Животна лекција ‒ настан со многу големо значење, многу поучен за некого.
Оригинални податоци:
лекција, мн. лекции ж. 1. а) Усно излагање на наставник; предавање. Држи лекции по биологија. б) Целина од материјалот што се предава на еден училиштен час; наставна единица. Денешната лекција по историја беше интересна. Треба да повториш уште две лекции. 2. (прен.) Поука. Тоа беше важна лекција за нас. ◊ Му одржа лекција ‒ го искара. Животна лекција ‒ настан со многу големо значење, многу поучен за некого.