леќа 2
Значење на леќа:
1. (анат.) Дел од окото што ја прекршува светлината.
2. (физ.) Проѕирно парче стакло, кварц или друг материјал со две криви или со една рамна и една крива површина што има својство да ја прекршува светлината, а се користи за изработка на различни оптички инструменти.
Множина: леќи.
Изведени зборови:
- леќичка, и. ж. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Контактна леќа ‒ оптичко помагало што се става директно на окото наместо очила.
Оригинални податоци:
леќа2, мн. леќи ж. 1. (анат.) Дел од окото што ја прекршува светлината. 2. (физ.) Проѕирно парче стакло, кварц или друг материјал со две криви или со една рамна и една крива површина што има својство да ја прекршува светлината, а се користи за изработка на различни оптички инструменти. ◊ Контактна леќа ‒ оптичко помагало што се става директно на окото наместо очила. ‖ леќичка, мн. леќички ж. дем.