лента

Именка, женски род

Значење на лента:

1. Долго и релативно тесно парче од хартија, платно или од друг материјал, различно обработено според намената. На свеченото отворање претседателот ја пресече лентата. Од разнобојните ленти таа направи панделки. Лента за машина за пишување.

2. Специјално долго, тесно и тенко парче пластика сместено во пластична кутија што служи за тонски или визуелни записи. Филмска лента. Видео лента. Магнетофонска лента.

3. Дел од пат или од поширока улица. Новиот булевар ќе има по четири ленти во еден правец.

4. Подвижен елемент во фабрика со кој се пренесуваат производите од една до друга машина или од еден до друг погон. Подвижна лента. Бескрајна лента.

Множина: ленти.

Изведени зборови:

  • лентиче, и. ж. мн. лентичиња ср., лентичка, мн. лентички дем.

Оригинални податоци:

лента, мн. ленти ж. 1. Долго и релативно тесно парче од хартија, платно или од друг материјал, различно обработено според намената. На свеченото отворање претседателот ја пресече лентата. Од разнобојните ленти таа направи панделки. Лента за машина за пишување. 2. Специјално долго, тесно и тенко парче пластика сместено во пластична кутија што служи за тонски или визуелни записи. Филмска лента. Видео лента. Магнетофонска лента. 3. Дел од пат или од поширока улица. Новиот булевар ќе има по четири ленти во еден правец. 4. Подвижен елемент во фабрика со кој се пренесуваат производите од една до друга машина или од еден до друг погон. Подвижна лента. Бескрајна лента. ‖ лентиче, мн. лентичиња ср., лентичка, мн. лентички ж. дем.