леса

Именка, женски род

Значење на леса:

1. Нешто што е густо сплетено од прачки и трски. За превоз на сеното имаа широки, дрвени леси.

2. (арх.) Ситни плетенки. Таа ја расплете ситната леса и косата се разбранува на ветрот.

3. Премин преку река од стебла споени како сплав. Поплавата ја однесе лесата.

4. Направа од прачки за ловење риба.

5. Направа за браносување изорана нива; брана.

Множина: леси.

Изведени зборови:

  • лесичка, и. ж. дем и хип.

Оригинални податоци:

леса, мн. леси ж. 1. Нешто што е густо сплетено од прачки и трски. За превоз на сеното имаа широки, дрвени леси. 2. (арх.) Ситни плетенки. Таа ја расплете ситната леса и косата се разбранува на ветрот. 3. Премин преку река од стебла споени како сплав. Поплавата ја однесе лесата. 4. Направа од прачки за ловење риба. 5. Направа за браносување изорана нива; сп. брана. ‖ лесичка, мн. лесички ж. дем и хип.