лесен
Значење на лесен:
1. Што има мала маса, што тежи малку. Куферот беше лесен.
2. Што е едноставен, што не е сложен; јасен, разбирлив. Задачата беше лесна. Лесна работа.
3. Што е со слаб интензитет. Лесна болест. Лесен сон. Лесен допир.
4. (прен.) Што не размислува многу, лекоумен, лекомислен.
Членувана форма: лесниот.
Изведени зборови:
- лесно, прил. Лесно потскокнуваше наоколу. Лесно ги извршуваше обврските.
Фразеолошки израз / поговорка:
Има лесна рака ‒ сè му оди од рака. Има лесна нога ‒ 1. Има жив темперамент. 2. Каде што се наоѓа, брзо се собираат поголем број луѓе. Со лесно срце ‒ 1. Наивно. 2. Без грижи.
Оригинални податоци:
лесен, лесниот прид. 1. Што има мала маса, што тежи малку. Куферот беше лесен. 2. Што е едноставен, што не е сложен; јасен, разбирлив. Задачата беше лесна. Лесна работа. 3. Што е со слаб интензитет. Лесна болест. Лесен сон. Лесен допир. 4. (прен.) Што не размислува многу, лекоумен, лекомислен. ◊ Има лесна рака ‒ сè му оди од рака. Има лесна нога ‒ 1. Има жив темперамент. 2. Каде што се наоѓа, брзо се собираат поголем број луѓе. Со лесно срце ‒ 1. Наивно. 2. Без грижи. ‖ лесно прил. Лесно потскокнуваше наоколу. Лесно ги извршуваше обврските.