лета

Глагол, несвршен

Значење на лета:

1. Се движи, патува по воздухот со помош на свои крила, со силата на мотор или на друг начин. Ластовичките летаат на југ. Авионот лета на недозволена висина.

2. (прен.) Се движи со голема брзина, брза, трча, јури. Леташе по улицата кон нивната куќа. Возот леташе низ рамнината.

Коњугација: летаат.

Изведени зборови:

  • летање, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Лета од радост ‒ многу е радосен и сè му изгледа убаво. Му летаат мислите ‒ замислен е за нешто и не следи што се случува во моментот, отсутен е со мислите. Му лета умот ‒ сè уште не е созреан, не е сериозен. Времето лета ‒ сè поминува брзо и неосетно. Сè што лета не се јаде ‒ кога некој ќе се залета за нешто и ќе се излаже: не е сè онака како што изгледа на прв поглед. Кој високо лета, ниско паѓа ‒ тој што се прави многу важен поради нешто, може многу брзо да остане без тоа; не треба да се биде нескромен. Ќе лета оттука/од работа ‒ ќе го избркаат.

Оригинални податоци:

лета, летаат несв. 1. Се движи, патува по воздухот со помош на свои крила, со силата на мотор или на друг начин. Ластовичките летаат на југ. Авионот лета на недозволена висина. 2. (прен.) Се движи со голема брзина, брза, трча, јури. Леташе по улицата кон нивната куќа. Возот леташе низ рамнината. ◊ Лета од радост ‒ многу е радосен и сè му изгледа убаво. Му летаат мислите ‒ замислен е за нешто и не следи што се случува во моментот, отсутен е со мислите. Му лета умот ‒ сè уште не е созреан, не е сериозен. Времето лета ‒ сè поминува брзо и неосетно. Сè што лета не се јаде ‒ кога некој ќе се залета за нешто и ќе се излаже: не е сè онака како што изгледа на прв поглед. Кој високо лета, ниско паѓа ‒ тој што се прави многу важен поради нешто, може многу брзо да остане без тоа; не треба да се биде нескромен. Ќе лета оттука/од работа ‒ ќе го избркаат. ‖ глаг. им. летање ср.