лежи

Глагол, несвршен

Значење на лежи:

1. Се наоѓа во хоризонтална положба, испружен. Лежи во сенка. Лежи на креветот.

2. (прен.) Боледува. Лежи веќе две недели од грип.

3. (прен.) Издржува затворска казна. Има уште шест месеци да лежи од казната.

4. За умрен ‒ погребан е. Тука лежат загинатите во земјотресот.

5. Оставен е некаде, не се користи. На полиците во книжарниците лежат голем број непродадени примероци од таа книга. Во магацинот лежи големо количество неупотребен материјал.

6. (прен.) Се наоѓа, сместен е, зазема некој простор. Во подножјето на планината лежи прекрасен град. Од двете страни на улицата лежеа стари, полусрушени куќи.

7. (прен.) Се наоѓа во составот, во содржината на нешто. Во основата на текстовите лежи неговиот роден говор.

Коњугација: лежаа , лежав , лежал , лежан, лежат , лежеа , лежев , лежејќи , лежел , лежен , лежете , лежи .

Изведени зборови:

  • лежење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Тука лежи зајакот ‒ во тоа е суштината. Лежи лебу да те јадам ‒ за некој што е мрзлив.

Оригинални податоци:

лежи, лежат; лежи, лежете; лежев, лежеа; лежел; лежен; лежејќи; лежав; лежаа; лежал; лежан несв. 1. Се наоѓа во хоризонтална положба, испружен. Лежи во сенка. Лежи на креветот. 2. (прен.) Боледува. Лежи веќе две недели од грип. 3. (прен.) Издржува затворска казна. Има уште шест месеци да лежи од казната. 4. За умрен ‒ погребан е. Тука лежат загинатите во земјотресот. 5. Оставен е некаде, не се користи. На полиците во книжарниците лежат голем број непродадени примероци од таа книга. Во магацинот лежи големо количество неупотребен материјал. 6. (прен.) Се наоѓа, сместен е, зазема некој простор. Во подножјето на планината лежи прекрасен град. Од двете страни на улицата лежеа стари, полусрушени куќи. 7. (прен.) Се наоѓа во составот, во содржината на нешто. Во основата на текстовите лежи неговиот роден говор. ◊ Тука лежи зајакот ‒ во тоа е суштината. Лежи лебу да те јадам ‒ за некој што е мрзлив. ‖ глаг. им. лежење ср.