ли 1

Честица

Значење на ли:

1. Во прашални реченици за засилување на исказот. а) Во реторско прашање. Таков ли дар ми носиш? Така ли се договоривме? б) За изразување колебање, сомнеж и неверување дали. Мислиш ли навистина така? Мислиш ли да дојдеш? Сметате ли дека треба да се продолжи со разговорите на оваа тема? Треба ли да станеме? И ти ли, сине Бруте?

2. Во разговорниот јазик и во народната поезија како скратена форма од дали или од или при повторувања. Дали си ми дворој изметила, ли си куќа исчистила, ли си јунак пречекала? Ли ќе одам горе во меана, ли ќе одам пред нејзини порти?

Оригинални податоци:

ли1 чест. 1. Во прашални реченици за засилување на исказот. а) Во реторско прашање. Таков ли дар ми носиш? Така ли се договоривме? б) За изразување колебање, сомнеж и неверување сп. дали. Мислиш ли навистина така? Мислиш ли да дојдеш? Сметате ли дека треба да се продолжи со разговорите на оваа тема? Треба ли да станеме? И ти ли, сине Бруте? 2. Во разговорниот јазик и во народната поезија како скратена форма од дали или од или при повторувања. Дали си ми дворој изметила, ли си куќа исчистила, ли си јунак пречекала? Ли ќе одам горе во меана, ли ќе одам пред нејзини порти?