либерализам
Само во еднина.
Значење на либерализам:
1. Движење и доктрина што како основни вредности на општествено‒политичкото и економското уредување ги истакнува идеите за граѓанско општество на верска толеранција, индивидуална слобода на мислење и јавно искажување, право на сопственост и слободен натпревар во економските активности, самостојност на законодавната и судската власт во однос на извршната.
2. Слободоумни, либерални идеи, начела и сфаќања.
Членувана форма: либерализмот.
Оригинални податоци:
либерализам, либерализмот (само едн.) м. 1. Движење и доктрина што како основни вредности на општествено‒политичкото и економското уредување ги истакнува идеите за граѓанско општество на верска толеранција, индивидуална слобода на мислење и јавно искажување, право на сопственост и слободен натпревар во економските активности, самостојност на законодавната и судската власт во однос на извршната. 2. Слободоумни, либерални идеи, начела и сфаќања.