лице

Именка, среден род

Значење на лице:

1. а) (анат.) Предниот дел од главата на човекот; образ. Човечко лице. Си го мие лицето. б) (прен.) Израз на умствена или душевна состојба; изглед (најчесто со придавска определба). Црвено лице. Весело лице.

2. а) Единка; личност. Стручно лице. Духовни лица. Непознато лице. б) (книж.) Личност, лик, јунак во драмско, во уметничко дело. Главно лице.

3. а) Надворешна, предна, горна страна на нешто. Лице и опачина. Лицето на земјата. Облечи ја кошулата на лице. б) Обработена страна на нешто (платно, кожа, картон, плетало). Лицето на платното беше меко. Куќа со убаво лице.

4. (грам.) Граматичка категорија кај заменките и глаголите со која се означува личноста која зборува (1л.), соговорникот (2л.) и личноста или предметот за кој се зборува (3л.).

Множина: лица.

Изведени зборови:

  • лиценце, и. ср. дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Каже в лице ‒ јавно, отворено. Во лицето на ‒ во некого, во нешто. Како имаш лице! ‒ Како не ти е срам! Лице в лице ‒ непосредно еден спроти друг. Прави лице (некому) ‒ лицемерно ласка, угодува некому. Со две лица ‒ 1. Изработено така да може да се употребува од двете страни (обично за ткаенина); 2. за тој што е непостојан, бескарактерен, превртлив.

Оригинални податоци:

лице, мн. лица ср. 1. а) (анат.) Предниот дел од главата на човекот; образ. Човечко лице. Си го мие лицето. б) (прен.) Израз на умствена или душевна состојба; изглед (најчесто со придавска определба). Црвено лице. Весело лице. 2. а) Единка; личност. Стручно лице. Духовни лица. Непознато лице. б) (книж.) Личност, лик, јунак во драмско, во уметничко дело. Главно лице. 3. а) Надворешна, предна, горна страна на нешто. Лице и опачина. Лицето на земјата. Облечи ја кошулата на лице. б) Обработена страна на нешто (платно, кожа, картон, плетало). Лицето на платното беше меко. Куќа со убаво лице. 4. (грам.) Граматичка категорија кај заменките и глаголите со која се означува личноста која зборува (1л.), соговорникот (2л.) и личноста или предметот за кој се зборува (3л.). ◊ Каже в лице ‒ јавно, отворено. Во лицето на ‒ во некого, во нешто. Како имаш лице! ‒ Како не ти е срам! Лице в лице ‒ непосредно еден спроти друг. Прави лице (некому) ‒ лицемерно ласка, угодува некому. Со две лица ‒ 1. Изработено така да може да се употребува од двете страни (обично за ткаенина); 2. за тој што е непостојан, бескарактерен, превртлив. ‖ лиценце, мн. лиценца ср. дем. и хип.