личен 1

Придавка

Значење на личен:

1. а) Што се однесува, припаѓа на одредено лице. Личен прибор. Лична карта. Лично име. б) Што се однесува на поединец, граѓанин. Лична сигурност. Лична слобода.

2. Што се однесува на емотивниот, внатрешниот живот на едно лице; приватен; интимен. Личен живот. Лична омраза. Лични познанства.

3. Што има карактеристики на едно лице, личност; индивидуален. Тој остави личен белег на работата.

4. Што се остварува без посредник, директно. Гласањето е лично. Лично треба да ги поднесете документите.

5. (грам.) Што се однесува на лице 4. Лични глаголски форми.

Членувана форма: личниот.

Оригинални податоци:

личен1, личниот прид. 1. а) Што се однесува, припаѓа на одредено лице. Личен прибор. Лична карта. Лично име. б) Што се однесува на поединец, граѓанин. Лична сигурност. Лична слобода. 2. Што се однесува на емотивниот, внатрешниот живот на едно лице; приватен; интимен. Личен живот. Лична омраза. Лични познанства. 3. Што има карактеристики на едно лице, личност; индивидуален. Тој остави личен белег на работата. 4. Што се остварува без посредник, директно. Гласањето е лично. Лично треба да ги поднесете документите. 5. (грам.) Што се однесува на лице 4. Лични глаголски форми.