личи 1

Глагол, несвршен

Значење на личи:

1. Сличен е со некого или со нешто. Личи на мајка ѝ. Невестата личеше на самовила. Личи на коцка.

2. Прилега, доликува, стои добро (обично во негирана форма). Не му личи да се расправа со постари. Не ѝ личи да се однесува така.

3. Прилега, одговара. Млада е, ѝ личи да носи мини здолниште.

4. Разубавува нешто, краси, украсува. Езерата ја личат нашата земја.

Коњугација: личат.

Изведени зборови:

  • личење, глаг. им. ср.
  • се ~ личи, 1. Кон зн. 1. Си личат еден со друг. 2. безл. Се чини, изгледа. Ми личи дека ќе биде добро. Ми личи дека е тој.

Оригинални податоци:

личи1, личат несв. 1. Сличен е со некого или со нешто. Личи на мајка ѝ. Невестата личеше на самовила. Личи на коцка. 2. Прилега, доликува, стои добро (обично во негирана форма). Не му личи да се расправа со постари. Не ѝ личи да се однесува така. 3. Прилега, одговара. Млада е, ѝ личи да носи мини здолниште. 4. Разубавува нешто, краси, украсува. Езерата ја личат нашата земја. ● си ~ 1. Кон зн. 1. Си личат еден со друг. 2. безл. Се чини, изгледа. Ми личи дека ќе биде добро. Ми личи дека е тој. ‖ глаг. им. личење ср.