лига 1

Именка, женски род

Значење на лига:

Густа, слузеста леплива материја што ја лачат жлездите во устата. Му се наполни грлото со лиги. Избриши си ги лигите!

Множина: лиги.

Изведени зборови:

  • лигичка, и. ж. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Му потекоа лиги ‒ има силна желба да вкуси нешто.

Оригинални податоци:

лига1 мн. лиги ж. Густа, слузеста леплива материја што ја лачат жлездите во устата. Му се наполни грлото со лиги. Избриши си ги лигите! ‖ лигичка, мн. лигички ж. дем. ◊ Му потекоа лиги ‒ има силна желба да вкуси нешто.