лик

Именка, машки род

Значење на лик:

1. а) Лице (анатомски), изглед на лице, образ. Многу ми е познат тој лик, ме потсетува на некого. Таа имаше девојчински лик. б) Надворешен изглед на човек или животно, на цела фигура. Неговиот подгрбавен лик полека одминуваше.

2. Карактер, збир од својства што ја карактеризираат една личност. а) во реалниот живот. Ведар лик. Моралниот лек на секој поединец. Несмасен лик. Во разговорот го покажа својот вистински лик. б) Во уметноста, лице, јунак во уметничко дело; личност 3. Позитивни ликови. Лик на комита. в) Носител на улога во сценско дело. Епизоден лик. Ликот на Тито го игра Ричард Бартон.

3. Слика, цртеж, фигура, портрет на човек. На ѕидовите беа закачени само славни историски ликови. Лик од бронза. Издлабен лик во камен.

4. Облик на шара, орнамент, на монета и сл. Златник со ликот на Гоце Делчев.

5. (мат.) Дводимензионален или тродимензионален приказ на геометриски елементи.

6. (грам.) Облик што го добива некој збор во јазичниот систем. Несвршен видски лик. Името не е регистрирано во тој лик. Дублетни ликови.

Множина: лика, ликови.

Оригинални податоци:

лик, мн. ликови, избр. мн. лика м. 1. а) Лице (анатомски), изглед на лице, образ. Многу ми е познат тој лик, ме потсетува на некого. Таа имаше девојчински лик. б) Надворешен изглед на човек или животно, на цела фигура. Неговиот подгрбавен лик полека одминуваше. 2. Карактер, збир од својства што ја карактеризираат една личност. а) во реалниот живот. Ведар лик. Моралниот лек на секој поединец. Несмасен лик. Во разговорот го покажа својот вистински лик. б) Во уметноста, лице, јунак во уметничко дело; сп. личност 3. Позитивни ликови. Лик на комита. в) Носител на улога во сценско дело. Епизоден лик. Ликот на Тито го игра Ричард Бартон. 3. Слика, цртеж, фигура, портрет на човек. На ѕидовите беа закачени само славни историски ликови. Лик од бронза. Издлабен лик во камен. 4. Облик на шара, орнамент, на монета и сл. Златник со ликот на Гоце Делчев. 5. (мат.) Дводимензионален или тродимензионален приказ на геометриски елементи. 6. (грам.) Облик што го добива некој збор во јазичниот систем. Несвршен видски лик. Името не е регистрирано во тој лик. Дублетни ликови.