линее
Значење на линее:
1. Губи свежина, венее (обично за растенија). По полињата житата линееја од големата суша.
2. Губи сила, здравје, физички слабее, премалува, опаѓа. Беше почнал да линее од лоша болест.
3. Губи влакно, се митари (за животно). Животните најмногу линеат напролет.
Коњугација: линеав , линеаја , линеал , линеан, линеат , линеев , линееја , линеејќи , линеел , линеен , линеење , линеј , линејте .
Изведени зборови:
- линеење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
линее, линеат; линеј, линејте; линеев, линееја; линеел; линеен; линеејќи; линеење; линеав, линеаја; линеал; линеан несв. 1. Губи свежина, венее (обично за растенија). По полињата житата линееја од големата суша. 2. Губи сила, здравје, физички слабее, премалува, опаѓа. Беше почнал да линее од лоша болест. 3. Губи влакно, се митари (за животно). Животните најмногу линеат напролет. ‖ глаг. им. линеење ср.