линија

Именка, женски род

Значење на линија:

1. (мат.) Реална или замислена црта, која поминува, соединува две точки или е граница од пресекот на две површини. Права линија. Нагорна и надолна линија. Линија на хоризонтот.

2. Црта повлечена на некаква површина. Повлечи тука една линија. Линиите на дланката се црти на твојот животен пат.

3. Одреден пат по кој се движат возила, сообраќајна врска. Автобуска линија. Воздушна линија.

4. Телифонски вод. Телефонска линија.

5. Црта што определува пространство, височина. Гранична линија. Највисока линија. Одбранбена линија.

6. Последователен ред од предци или потомци. Роднини по машка и по женска линија.

7. Стројност, виткост на телото. На диета е, си ја чува линијата. Таа си ја задржала линијата од младост.

8. (прен.) Правец, насока, начин на дејствување. Линија на помал отпор. Скршна од линијата. Партиска линија.

Множина: линии.

Оригинални податоци:

линија, мн. линии ж. 1. (мат.) Реална или замислена црта, која поминува, соединува две точки или е граница од пресекот на две површини. Права линија. Нагорна и надолна линија. Линија на хоризонтот. 2. Црта повлечена на некаква површина. Повлечи тука една линија. Линиите на дланката се црти на твојот животен пат. 3. Одреден пат по кој се движат возила, сообраќајна врска. Автобуска линија. Воздушна линија. 4. Телифонски вод. Телефонска линија. 5. Црта што определува пространство, височина. Гранична линија. Највисока линија. Одбранбена линија. 6. Последователен ред од предци или потомци. Роднини по машка и по женска линија. 7. Стројност, виткост на телото. На диета е, си ја чува линијата. Таа си ја задржала линијата од младост. 8. (прен.) Правец, насока, начин на дејствување. Линија на помал отпор. Скршна од линијата. Партиска линија.