лисица

Именка, женски род

Значење на лисица:

1. (зоол.) Диво, крвожедно животно од родот на кучињата, со голема рунтава опашка и со изразито издолжена муцка; Vulpes vulpes.

2. (прен.) Лукав, итар човек. Тој е лисица, ќе те излаже.

3. Обработена кожа, крзно од лисица. На подот имаше послано лисица.

4. Железен отвор на кој е прицврстен јаремот на воловска кола.

Множина: лисици.

Изведени зборови:

  • лисана, и. ж. пејор. и аугм.
  • лисиче, и. ср. дем. и хип.

Оригинални податоци:

лисица, мн. лисици ж. 1. (зоол.) Диво, крвожедно животно од родот на кучињата, со голема рунтава опашка и со изразито издолжена муцка; Vulpes vulpes. 2. (прен.) Лукав, итар човек. Тој е лисица, ќе те излаже. 3. Обработена кожа, крзно од лисица. На подот имаше послано лисица. 4. Железен отвор на кој е прицврстен јаремот на воловска кола. ‖ лисиче, мн. лисичиња ср. дем. и хип. ‖ лисана мн. лисани ж. пејор. и аугм.