лисник

Именка, машки род

Значење на лисник:

Насечени и исушени гранки сосе лисјето, што служат како храна за добитокот зимно време. Кастреа шума за лисници. Им однесе лисник на козите.

Множина: лисници.

Изведени зборови:

  • лисница, и. ж. мн лисници

Оригинални податоци:

лисник, мн. лисници м. Насечени и исушени гранки сосе лисјето, што служат како храна за добитокот зимно време. Кастреа шума за лисници. Им однесе лисник на козите. ‖ лисница мн лисници ж.