лист
Значење на лист:
1. (бот.) Орган на растенијата што служи за дишење и фотосинтеза (обично плоскат и зелен).
2. Правилно, најчесто правоаголно парче хартија само или како дел од книга, тетратка, блок и сл. Тетратка со осумдесет листови. Книгата имаше пожолтени листови. Лист со широки линии. Во раката држеше празен лист.
3. Тенок и широк слој од нешто (метал, тесто, месо). Го исече месото на тенки листови и го посоли секој лист посебно.
4. (анат.) Задниот месест (мускулест) дел на ноѓата што се наога над глуждот. Спортистите имаат јаки листови на нозете. Од многу одење го заболеа листовите и глуждовите.
Множина: лисја, лисје, листа, листови.
Изведени зборови:
- ливче, и. ср. мн. ливчиња; листе, мн. листиња и листенце, мн. листенца , листец (само едн.) м. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Сврте нов лист ‒ дејствува на нов (најчесто позитивен) начин. Сврте друг лист ‒ дејствува построго.
Оригинални податоци:
лист, мн. листови, збир. мн. лисје и лисја (од растение), избр. мн. листа м. 1. (бот.) Орган на растенијата што служи за дишење и фотосинтеза (обично плоскат и зелен). 2. Правилно, најчесто правоаголно парче хартија само или како дел од книга, тетратка, блок и сл. Тетратка со осумдесет листови. Книгата имаше пожолтени листови. Лист со широки линии. Во раката држеше празен лист. 3. Тенок и широк слој од нешто (метал, тесто, месо). Го исече месото на тенки листови и го посоли секој лист посебно. 4. (анат.) Задниот месест (мускулест) дел на ноѓата што се наога над глуждот. Спортистите имаат јаки листови на нозете. Од многу одење го заболеа листовите и глуждовите. ◊ Сврте нов лист ‒ дејствува на нов (најчесто позитивен) начин. Сврте друг лист ‒ дејствува построго. ‖ ливче, мн. ливчиња; листе, мн. листиња и листенце, мн. листенца ср., листец (само едн.) м. дем.