лизга
Значење на лизга:
Движи некого или нешто по мазна, рамна површина. Го лизга детето на санка.Коњугација: лизгаат.
Изведени зборови:
- лизгање, глаг. им. ср.
- се ~ лизга, 1. а) Се движи со постојан допир по рамна површина. Држачите од завесата слободно се лизгаат по шината на корнизот. Децата се лизгаа на ридот со санки. Солзите му се лизгаа по лицето. б) Се поместува, губи стабилност, рамнотежа, поради некаква причина. Одејќи по замрзнатата патека нозете им се лизгаа де на едната де на другата страна. Автомобилот змијулесто се лизгаше по стрмниот пат. 2. (прен.) Се движи, се шири, се насочува кон нешто. Погледот му се лизгаше по целото нејзино тело. Возот полека се лизгаше кон следната своја станица. Темнината се лизгаше по нивните тела.
Оригинални податоци:
лизга, лизгаат несв. Движи некого или нешто по мазна, рамна површина. Го лизга детето на санка. ● се ~ 1. а) Се движи со постојан допир по рамна површина. Држачите од завесата слободно се лизгаат по шината на корнизот. Децата се лизгаа на ридот со санки. Солзите му се лизгаа по лицето. б) Се поместува, губи стабилност, рамнотежа, поради некаква причина. Одејќи по замрзнатата патека нозете им се лизгаа де на едната де на другата страна. Автомобилот змијулесто се лизгаше по стрмниот пат. 2. (прен.) Се движи, се шири, се насочува кон нешто. Погледот му се лизгаше по целото нејзино тело. Возот полека се лизгаше кон следната своја станица. Темнината се лизгаше по нивните тела. ‖ глаг. им. лизгање ср.