лизгав
Значење на лизгав:
1. Што има мазна површина, што не создава големо триење. Полека одеше по лизгавиот пат. Дланките му беа испотени и лизгави. Лизгав свилен чаршаф. Ја фати лизгавата коприна.
2. (прен.) Подвижен, непостојан, променлив. Животот е лажовен и лизгав.
Членувана форма: лизгавиот.
Оригинални податоци:
лизгав, лизгавиот прид. 1. Што има мазна површина, што не создава големо триење. Полека одеше по лизгавиот пат. Дланките му беа испотени и лизгави. Лизгав свилен чаршаф. Ја фати лизгавата коприна. 2. (прен.) Подвижен, непостојан, променлив. Животот е лажовен и лизгав.