љубезен

Придавка

Значење на љубезен:

Што е учтив, срдечен, пријатен. Љубезна насмевка. Љубезен глас. Љубезен домаќин.

Членувана форма: љубезниот.

Изведени зборови:

  • љубезно, прил. Љубезно се насмевна. Љубезно ме пречекаа.
  • љубезност, и. ж. љубезноста Особеност на тој што е љубезен. Во неговите зборови се чувствуваше изнасилена љубезност.

Оригинални податоци:

љубезен, љубезниот прид. Што е учтив, срдечен, пријатен. Љубезна насмевка. Љубезен глас. Љубезен домаќин. ‖ љубезно прил. Љубезно се насмевна. Љубезно ме пречекаа. ‖ љубезност, љубезноста ж. Особеност на тој што е љубезен. Во неговите зборови се чувствуваше изнасилена љубезност.