љуби
Значење на љуби:
1. Чувствува љубов, сака некого или нешто. Прв пат вистински љубеше. Истовремено ја љубеше и ја мразеше.
2. Бакнува некого. Страсно ги љубеше неговите усни.
Коњугација: љубат.
Изведени зборови:
- љубење, глаг. им. ср.
- се ~ љуби, 1. заемноповр. Чувствуваат заемна љубов, се сакаат. Силно се љубеа, но судбината ги раздели. 2. Се бакнува со некого. Се љубеа од утро до мрак, од самрак до зори.
Оригинални податоци:
љуби, љубат несв. 1. Чувствува љубов, сака некого или нешто. Прв пат вистински љубеше. Истовремено ја љубеше и ја мразеше. 2. Бакнува некого. Страсно ги љубеше неговите усни. ● се ~ 1. заемноповр. Чувствуваат заемна љубов, се сакаат. Силно се љубеа, но судбината ги раздели. 2. Се бакнува со некого. Се љубеа од утро до мрак, од самрак до зори. ‖ глаг. им. љубење ср.