љубомора

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на љубомора:

1. Чувство на душевна болка поради сомневање во нечија љубов, верност и сл. Целиот гореше од бес и љубомора. Се сеќаваше на љубомората на бившата жена, на сите блажени неспокојства.

2. Чувство на завист кон некого поради нешто. Ќе умреше од љубомора ако победев јас.

Оригинални податоци:

љубомора (само едн.) ж. 1. Чувство на душевна болка поради сомневање во нечија љубов, верност и сл. Целиот гореше од бес и љубомора. Се сеќаваше на љубомората на бившата жена, на сите блажени неспокојства. 2. Чувство на завист кон некого поради нешто. Ќе умреше од љубомора ако победев јас.