љубов

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на љубов:

1. Длабока емотивна наклонетост, силно чувство кон некого. Брак од љубов. Прва љубов. Вистинска љубов. Тој ѝ изјави љубов. Страда од љубов. Невозвратена љубов.

2. Длабока наклонетост, самопожртвуваност и искрена приврзаност кон роднините или кон блиските. Љубов кон родителите. Мајчинска љубов. Љубов кон брат (сестра). Другарска љубов.

3. Постојана, трајна наклонетост кон нешто. Љубов кон уметноста. Љубов кон науката. Љубов кон театарот. Љубов кон животните. Љубов кон работата. Љубов кон татковината.

4. Тој што е предмет на такво чувство. Тој е мојата прва љубов. Таа е љубовта на неговиот живот.

5. Врска меѓу двајца што се сакаат. Нивната љубов трае веќе неколку години. Имаше само убави спомени од таа љубов.

Членувана форма: љубовта.

Фразеолошки израз / поговорка:

Води љубов ‒ има интимни односи со некого. Платонска љубов ‒ чисто духовна љубов, без физички контакт, на растојание.

Оригинални податоци:

љубов, љубовта (само едн.) ж. 1. Длабока емотивна наклонетост, силно чувство кон некого. Брак од љубов. Прва љубов. Вистинска љубов. Тој ѝ изјави љубов. Страда од љубов. Невозвратена љубов. 2. Длабока наклонетост, самопожртвуваност и искрена приврзаност кон роднините или кон блиските. Љубов кон родителите. Мајчинска љубов. Љубов кон брат (сестра). Другарска љубов. 3. Постојана, трајна наклонетост кон нешто. Љубов кон уметноста. Љубов кон науката. Љубов кон театарот. Љубов кон животните. Љубов кон работата. Љубов кон татковината. 4. Тој што е предмет на такво чувство. Тој е мојата прва љубов. Таа е љубовта на неговиот живот. 5. Врска меѓу двајца што се сакаат. Нивната љубов трае веќе неколку години. Имаше само убави спомени од таа љубов. ◊ Води љубов ‒ има интимни односи со некого. Платонска љубов ‒ чисто духовна љубов, без физички контакт, на растојание.