лочка
Значење на лочка:
1. Течност разлеана по површината на нешто; локва Лочка крв.
2. Вдлабнатина во земјата исполнета со вода. Силниот дожд правеше лочки и поточиња по земјата. Децата шлапкаа по лочките.
3. Валканица, нечистотија. На панталоните имаше темни лочки.
Множина: лочки.
Оригинални податоци:
лочка, мн. лочки ж. 1. Течност разлеана по површината на нешто; сп. локва 1. Лочка крв. 2. Вдлабнатина во земјата исполнета со вода. Силниот дожд правеше лочки и поточиња по земјата. Децата шлапкаа по лочките. 3. Валканица, нечистотија. На панталоните имаше темни лочки.