логика
Значење на логика:
1. (филоз.) Наука што се занимава со проучување на законитостите на човековото мислење.
2. (прен.) Закономерност во начинот на размислување, разумност, смисла. Во тоа што го зборува нема никаква логика.
3. Како наставен предмет и учебник. Учениците се на час по логика.
Множина: логики.
Изведени зборови:
- логички, прид. логичкиот
Оригинални податоци:
логика, мн. логики ж. 1. (филоз.) Наука што се занимава со проучување на законитостите на човековото мислење. 2. (прен.) Закономерност во начинот на размислување, разумност, смисла. Во тоа што го зборува нема никаква логика. 3. Како наставен предмет и учебник. Учениците се на час по логика. ‖ логички, логичкиот прид.