логор

Именка, машки род

Значење на логор:

1. Место каде што привремено престојува некаков колектив (војска, извидници, спортисти, работници на изградба на некои објекти) обично под шатори. Воен логор. Извиднички логор. Цигански логор.

2. Местото (згради, бараки) каде што насила се доведени голем број лица заради искористување на нивниот труд или за убивање. Заробенички логор. Концентрационен логор. Казнен логор.

3. Привремено прифатилиште на поголем број лица настрадани од непогоди (временски и политички). Логор на бегалци. Собирен логор.

Множина: логори.

Оригинални податоци:

логор, мн. логори м. 1. Место каде што привремено престојува некаков колектив (војска, извидници, спортисти, работници на изградба на некои објекти) обично под шатори. Воен логор. Извиднички логор. Цигански логор. 2. Местото (згради, бараки) каде што насила се доведени голем број лица заради искористување на нивниот труд или за убивање. Заробенички логор. Концентрационен логор. Казнен логор. 3. Привремено прифатилиште на поголем број лица настрадани од непогоди (временски и политички). Логор на бегалци. Собирен логор.