лош

Придавка

Значење на лош:

1. а) Што не е добар (во морална смисла), зол, злобен; добар. Лош човек. Лоши соседи. Лош карактер. б) Што е опасен, свиреп, крволочен. Лоши кучиња. Лоша ѕверка.

2. Што не чини, што е неквалитетен. Лош пат. Лоша храна. Лоши производи.

3. Што не е добар во својата работа, занимање и сл. Лош работник. Лош мајстор. Лош ученик. Лош писател.

4. Што е без содржинска, естетска и друга вредност. Лоша книга. Лош роман. Лош филм. Лоша градба. Лоша изведба.

5. Што не донесува соодветна, доволна корист. Лош род. Лош принос. Лоша зделка.

6. Што навестува нешто непријатно, злокобен, несреќен. Лош глас. Лош ден. Лоша среќа. Лош знак.

7. За време ‒ што е непријатно, опасно, тешко. Лошо време. Лоша вечер. Лош ветар. Лоши години.

8. За болест, рана ‒ што е тешка, опасна за живот. Лоша болест. Лоши рани.

Членувана форма: лошиот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Лоша ти е работата ‒ во опасна положба си.

Оригинални податоци:

лош, лошиот прид. 1. а) Што не е добар (во морална смисла), зол, злобен; спрот. добар. Лош човек. Лоши соседи. Лош карактер. б) Што е опасен, свиреп, крволочен. Лоши кучиња. Лоша ѕверка. 2. Што не чини, што е неквалитетен. Лош пат. Лоша храна. Лоши производи. 3. Што не е добар во својата работа, занимање и сл. Лош работник. Лош мајстор. Лош ученик. Лош писател. 4. Што е без содржинска, естетска и друга вредност. Лоша книга. Лош роман. Лош филм. Лоша градба. Лоша изведба. 5. Што не донесува соодветна, доволна корист. Лош род. Лош принос. Лоша зделка. 6. Што навестува нешто непријатно, злокобен, несреќен. Лош глас. Лош ден. Лоша среќа. Лош знак. 7. За време ‒ што е непријатно, опасно, тешко. Лошо време. Лоша вечер. Лош ветар. Лоши години. 8. За болест, рана ‒ што е тешка, опасна за живот. Лоша болест. Лоши рани. ◊ Лоша ти е работата ‒ во опасна положба си.