лов
Само во еднина.
Значење на лов:
1. Фаќање или убивање дивеч со разни направи или со оружје; ловење. Се занимава со лов и риболов. Во ова време од годината ловот на лисици е забранет.
2. Тоа што е уловено. Се вратија со богат лов.
3. (прен.) Внимателно следи нешто, настојува да фати, дофати, да добие нешто, да придобие, да освои некого. Сè пушти во лов на девојки.
Фразеолошки израз / поговорка:
Лов во матно ‒ на нечесен начин постигната цел.
Оригинални податоци:
лов (само едн.) м. 1. Фаќање или убивање дивеч со разни направи или со оружје; ловење. Се занимава со лов и риболов. Во ова време од годината ловот на лисици е забранет. 2. Тоа што е уловено. Се вратија со богат лов. 3. (прен.) Внимателно следи нешто, настојува да фати, дофати, да добие нешто, да придобие, да освои некого. Сè пушти во лов на девојки. ◊ Лов во матно ‒ на нечесен начин постигната цел.