лови
Значење на лови:
1. Фаќа, убива животни во нивната природна средина. Лисицата ги ловеше кокошките. Волкот најчесто лови ноќно време.
2. (прен.) Внимателно следи нешто, настојува да фати, дофати, да добие нешто, да придобие. Го лови секој негов поглед. Му ги ловеше грешките.
Коњугација: ловат.
Изведени зборови:
- ловење, глаг. им. ср.
- се ~ лови, Се фаќа за нешто. Се ловеше во сопствената замка.
Оригинални податоци:
лови, ловат несв. 1. Фаќа, убива животни во нивната природна средина. Лисицата ги ловеше кокошките. Волкот најчесто лови ноќно време. 2. (прен.) Внимателно следи нешто, настојува да фати, дофати, да добие нешто, да придобие. Го лови секој негов поглед. Му ги ловеше грешките. ● се ~ Се фаќа за нешто. Се ловеше во сопствената замка. ‖ глаг. им. ловење ср.