лозунг

Именка, машки род

Значење на лозунг:

1. Договорен знак, таен збор што служи за распознавање; лозинка;

2. Кратка мисла што ја изразува основната идеја на некое движење или организација; парола, гесло, девиза. Актуелен политички лозунг. На знамето беше испишан лозунгот: Смрт или слобода.

Множина: лозунзи.

Оригинални податоци:

лозунг, мн. лозунзи м. 1. Договорен знак, таен збор што служи за распознавање; лозинка; 2. Кратка мисла што ја изразува основната идеја на некое движење или организација; парола, гесло, девиза. Актуелен политички лозунг. На знамето беше испишан лозунгот: Смрт или слобода.