луд
Значење на луд:
1. Што е умствено растроен, душевно болен. Луд човек. Лудите ги сместија во лудница.
2. (прен.) Што постапува непромислено, неразумно. Луд е што прави така. Тој е луд е штом му верува.
3. (прен.) Немирен, палав, нескротлив. Лудите дечиња шлапкаа по вировите. Многу е луд во игрите.
4. (прен.) Што се пројавува со голема сила. Доживеа луд успех. Луда желба. Луда смеа. Луди можности.
Членувана форма: лудиот.
Изведени зборови:
- лудост, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Луда глава ‒ неразумен, лекомислен, површен човек.
Оригинални податоци:
луд, лудиот прид. 1. Што е умствено растроен, душевно болен. Луд човек. Лудите ги сместија во лудница. 2. (прен.) Што постапува непромислено, неразумно. Луд е што прави така. Тој е луд е штом му верува. 3. (прен.) Немирен, палав, нескротлив. Лудите дечиња шлапкаа по вировите. Многу е луд во игрите. 4. (прен.) Што се пројавува со голема сила. Доживеа луд успех. Луда желба. Луда смеа. Луди можности. ◊ Луда глава ‒ неразумен, лекомислен, површен човек. ‖ лудост ж.